Чудо: Ја снема механизацијата на патот за Мариово, a oстанаа само сликите од Сугарески, Миле и градоначалникот? (Видео)

Се наоѓаме на планинскиот превој Слива на патниот правец Лагово-Витолиште. Токму на овој пат минатата недела, Министерот Сугарески, заедно со градоначалникот Илија Јованоски, помпезно најавија нов асфалт. Истото ден после нив го повтори и кандидатот за пратеник Миле Талевски.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Мислеа дека со едно такво шоу пред медиумите ќе ги замолчат жителите од Мариовскиот регион и ќе ги обезбедат нивните гласови на изборите.

Но, еве, само една недела подоцна разоткриена е нивната лага. Од механизацијата која треба да работи оставен е само овој валјак кој е во дефект, а од предвидените 9 километри за асфалтирање, нов асфалт има на едвај 300-400 метри.
Целата останата механизација е повлечена и послужи само како декорација додека министерот гордо за прв пат чекореше по овој пат.

Триото на власт од Прилеп никако да сфати дека граѓаните не се само бројка која служи за манипулирање пред избори. Но, како тоа да им се објасне на луѓе кои цели 3 години ги поминаа во канцеларии и кожени фотељи?

Замислете, министерот Сугарески се фали дека во Прилеп вложиле над 80 милиони евра во патна инфраструктура, повторувам над 80 милиони евра.

А каде се овие изградени патишта, ги гледа ли некој?

Веројатно со овој податок министерот од Прилеп сака да се истакне во шоуто “Рипли – верувале или не”.

Наместо во овие три години додека се на власт да го завршеа експресниот пат Прилеп-Градско и да изградеа автопат до Битола и грчка граница, тие се занимаваат со предизборни манипулации и нови лаги за граѓаните.

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат свои имоти во населените места по должината на овој пат да дојдат и да се уверат во оваа нова лага на Сугарески, Талевски и Јованоски.

Одговорот за оваа нова манипулација и сите лаги следува на 15-ти јули, кога овие луѓе конечно ќе ја научат лекцијата од народот!

Следува Обнова на Македонија, која ќе значи крај на политичарите од кариера”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.