ЧУДО ОД ТЕЧНОСТ: Го штити екранот на телефонот од кршење и гребаници (ВИДЕО)

Untitled

“ProtectPax” е проект на двајца истражувачи од Германија кои направија течност за заштита на екранот од мобилните телефони и таблети.

Нивната формула, која ја нарекуваат уште и  “течно стакло”, се состои од наночестички титан диоксид кои ги исполнуваат наноскопските неправилности и вдлабнатини во стаклото, па на тој начин го зацврстуваат со тенок невидлив слој.

За заштита на екранот од мобилниот телефон или таблет, потребно е истиот да се премачка со неколку капки од оваа течност.

Ваквата заштита трае речиси цела година, а го штити екранот од удари, гребаници, пукнатини, па дури и вода. Стаклото кое ќе биде премачкано со оваа течност ќе биде цврсто како рубин, велат овие пронаоѓачи.

Почетната цена на “ProtectPax” е 17 долари, а производството ќе започне од април оваа година.

Погледнете за што се работи:

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.