Бездомно куче од Грузија внимава на децата додека тие преминуваат преку пешачки премин. Кучето својата работа си ја извршува секој ден, лае и е луто на возачите кои не застануваат за децата слободно да поминат преку улицата.
Озбилно ја сфаќа својата работа, а понекогаш децата ги чека и по цел час за да помогне. Ова куче е гордост на цела Грузија, сите го хранат, а му дале име Купата, што на грузиски значи колбас.