ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Ова е езеро кое нема дно! (ВИДЕО)

screenshot_10-22

Езерото “Сино око” во Албанија е природен феномен, бидејќи нема дно! Синото око всушност е дупка во која се спојуваат подземни води, кои преку неа извираат на површината. Самата дупка, која не е целосно истражена според некои тврдења  е околу 45 метри длабока.

Овој природен феномен се наоѓа во близина на патот кој води до градот Саранда.

Иако пливањето и капењето во Синото око е дозволено, поради температурата на водата која изнесува 10 степени целзиусови, малкумина се осудуваат тоа да го сторат.

1

Туристите овде доаѓаат да  уживаат во прекрасната природа и да фрлат камче во центарот на дупката, што по неколку секунди го здогледуваат на површината.

Погледнете го видеото:

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.