Прилепско бебе се родило на ист датум како и својот татко и дедо, во болницата “Аrrowe Park” во Ливерпул, чудо кое се случува со веројатност еднаш на 48 милиони – пишува локалниот портал “Леверпул Ехо”.
Филип Павлоски (34) по професија физикален терепевт и по потекло од Прилеп, ги вчудоневидел вработените во болницата, кога им објаснил дека тој е роден во сабота на 6 октомври 1984 година, а неговиот татко Киро е роден исто така во сабота на 6 октомври 1956 година.
За чудото да биде уште поголемо, сопругата на Филип, Цветомира (31) по потекло од Бугарија, кажала дека и нејзината сестра е исто така родена на 6 октомври 1983 година.
Филип кој работи во “Ројал Ливерпул Болницата”, за “Ливепул Ехо” рекол:
“Очекувавме детето да се роди на први октомври, и си реков супер тоа е пред мојот роденден”.
“Но поминаа втори и трети октомври дојде, и ништо. Потоа сопругата беше примена на петти октомври во болница. Си реков дека бебето ќе го прпушти мојот роденден, затоа што не може да издржи 24 часа. Но, утрото, токму пред 9 часот, бебето се роди по природен пат”, вели Филип и додава:
“Кога им кажавме на вработените тие не можеа да веруваат”.
“Тие рекоа дека тоа е лудо и дека никогаш не слушнале за такво нешто. Рекоа дека ќе им кажат на сите весници”.
Филип и Цветомира сакаат патувања и досега имаат посетено повеќе од 20 земји, дошле во Обединетото Кралство пред три години.
Филип рекол дека тој и неговата сопруга се обидувале да добијат дете две години.
Името на бебето е Кристофер.
На семејството Павлоски им честитаме за радосната вест и им посакуваме многу, многу заеднички родендени.