ЧУДОТО од Кефалонија во Грција: Секоја година пред празникот змии се појавуваат во црквите, а верниците ги галат и допираат (ФОТО+ВИДЕО)

Вистинско чудо се случува секоја година во месец Август на грчкиот остров Кефалонија.

Секоја година на празникот на Преображение Господово, 6 август според новиот календар, “Змиите на Панагија” се појавуваат во селата Маркопуло и Аргинија, каде што има параклиси посветени на Успение на Богородица, останувајќи таму до празникот.

Змиите се појавуваат секоја година и почнуваат да ползат насекаде низ црквите, а особено околу икончето на Богородица.

Веста за настанот црквите ја одбележуваат со радосно црковно ѕвоно, а верници од сите страни доаѓаат да го видат чудото.

Локалните верници сведочат дека змиите се топлокрвни, што е непознато на друго место или било кое друго време во светот.

Како што може да се види во видеото подолу, змиите се мирни и безбедни, а верниците дури и самите ги почитуваат, како чудесна манифестација од Бога и Пресвета Богородица.

Црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во Маркопу е изградена на урнатините на еден стар манастир.

 

Легендата вели дека на почетокот на 18 век, монахињите на поранешниот манастир биле нападнати од пирати. Молејќи се на Богородица за заштита, калуѓерките биле преобразени во змии, а кога пиратите влегле во манастирот, тие беа преплашени од она што го виделе и побегнале.

 

Змиите се појавуваат секоја година од тогаш, освен две години: 1940 година, кога Грција влегла во Втората светска војна, и во 1953 година, кога се случил катастрофалниот земјотрес во Кефалонија. Така останало верување дека следува одредена катастрофа доколку змиите не се појавуват.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.