Италијанскиот првак Јувентус ја продолжи доминацијата во Серија А совладувајќи го Удинезе на домашен терен со 4-1. Тренерот Масимилијано Алегри излезе со комбиниран состав и неколку стандардни првотимци беа оставени на клупата, па и без Дибала, Роналдо, Киелини и Пјаниќ тимот беше убедлив.
Првите два гола за домаќинот ги постигна Моисе Кеан, третиот од пенал беше дело на Емре Џан, а за 4-0 погоди и Блес Матуиди. Почесниот погодок за Удинезе го постигна Ласања во 86.минута од натпреварот.
По 27 одиграни кола, „старата дама“ има освопено 75 бода, дури 19 повеќе од Наполи кој има натпревар помалку.