Чудотворниот камен во овој манacтир денес лекyва и иcполнyва желби – eве што според верувањата треба да направите

Застани на каменот во манастирот Свети Никита, сврти се трипати, поклони се и замисли желба, моштите на светецот ќе ти ја исполнат.

Во потрага по начин да се реши она што ги мачи многу Македонци, па и странци, патот ги носи во малиот, стар манастир, посветен на великомаченикот Свети Никита, сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, на надморска височина од 565 метри, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер. Таму, меѓу старите ѕидови на црквата, почиваат моштите на великомаченикот, за кои се верува дека имаа огромна ноќ.

Според раскажувањата на човекот задолжен за одржување на манастирот, овој е еден од најстарите манастири на македонска територија. Се верува дека црквата датира од 11 век, но подоцна, како и повеќето цркви и манастири бил разурнат

Царот Милутин го возобновува овој манастирот Свети Никита во 1284 година

Царот дошол во Скопје, поточно во овие села, народот многу му раскажувал за Свети Никита и неговите моќи да им помага на сите кои ќе му се обратат, па решил да за го обнови манастирот коj бил уништен.

На сон, Бог му се јавил на цар Милутин и му кажал каде се моштите од Свети Никита и му рекол да ги закопа во црквата, оти тие се уште се моќни и помагаат. Царот го сторил тоа, и ден денес, оној кој ќе застане на светиот камен, под кој почиваат моштите од великомаченикот, ќе му се отстрани болката, ќе му се најде решение за маката.

Митот за Свети Никита

Народот многу раскажува за Свети Никита, бил голем човек, богат кнез, кој откако на сон му се јавил Господ, тој остава се, го раздава имот и почнува да го шири христијанството.

Оваа приказна ја раскажува клисарот во манастирот во Горњани.

Никита е роден како Гот во четврти век, бил кнез и војсководец, почитуван меѓу народот. Една ноќ на сон му се јавил Господ и му рекол ако ја прими христијанската вера и почне да ги проповеда зборовите од библијата, ќе му даде моќи какви што никој досега немал. Господ му рекол дека тој е избран иако тогаш не бил христијанин. Никита ќе ги послуша неговите зборови, ќе ја остави војската, а се што поседува им раздава на сиромашните, и пари и имот и богатство. Тогаш Господ му дарува две моќи, моќ да ги реши проблемите на народот и моќ да ја излечи болката.

Така, тој почнува да шета меѓу народот и да им помага. Но, на владетелот не му се допаднало делото на Никита, кој ширел нова вера и му помагал на секој човек. Тој наредил да се фати Никита и да се мачи се додека не се откаже од новата вера. Но, Никита не се откажувал од христијанството, а владетелот се повеќе го мачел и на крај го фрлил во оган. Но, неговото тело било неповредено.

Неговите другари го однеле телото во Киликија, во Мала Азија, каде по четири месеци, Никита повторно се вратил меѓу живите и продолжил со својата мисија, да го исцелува и да му помага на секој кој ќе дојде кај него.

Од Мала Азија, некако стигнал и до падините на Скопска Црна Гора во Македонија. И тука тој се прославил со своите моќи. Умира, но не се знаело каде се неговите мошти. Постоела само малата црква, но и таа била на работ на распаѓање.

Кога цар Милутин дошол на македонско тло и решил да обнови црквата, на сон Господ му рекол дека поради негово добро дело, верско дело, ќе го награди. Тогаш му кажал каде се моштите на Никита, му рекол да ги закопа под црквата и дека тие ќе им помагаат на верниците, исто како да е жив.

Цар Милутин го послушал и изградил манастир во чест на Свети Никита Великомаченикот.

Каменот кој помага, ритуал на поврзување

Моќта не е во каменот, моќта е во коските, а тој е само начин да се поврзе верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува во Бог и неговата мака, болка или желба полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба.

За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така три пати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата „оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата.

Исполнети желби

Клисарот раскажува дека ова е единственото место во светот каде може со специфичен ритуал да се поврзат верникот и Господ, каде со помош на моќта на моштите од великомаченикот, му се помага на секој кој има мака.

И наши, и странци, мајки, татковци, деца, илјадници луѓе застане на овој камен и се поклониле, сите со иста цел, моштите да им помогнат. Неодамна дошле четириесет монахињи од Сибир, кои биле восхитени од манастирот.

Една жена, дошла оти не можела да има деца. Стапнала на каменот, ја кажала молитвата и заминала. По една година и четири месеци пак се појавила со машко дете во рацете, закажала крштавка и синот го крстила Никита, по светецот кој и помогна да зачне и да роди.

Еден ерген од соседно село кој не можел невеста дома да донесе, откако се поклонил и ја кажал својата мака, по неколку месеци закажал и свадба, во истата црква.

Најчести посетители на манастирот се мајките со мали деца, кои не можат за зборуваат, да одат, немирно спијат и мократ. Но, откако ќе го направат ритуалот, се враќаат задоволни, се поклонуваат пред иконата оти маките им се решени, децата мирни.

Клисарот насмеано раскажува и за две девојки, кои дошле да побараат помош за да го завршат факултетот. По некое време се вратиле и му кажале дека по толку маки, конечно дипломирале, но побарале повторно да застанат на светиот камен.

Тој им рекол зарем ме лажете, зарем не завршивте, зошто пак сакате да се помолите. Тие му рекле факултетот го завршивме, сега ќе побараме да се омажиме за добри момчиња. Вели дека и пратеници доаѓале, да се помолат пред избори, но тој им велел каменот е за здравје, не е за политика.

Ова се малку од многу исполнети желби, а ако и вие имате некоја и верувате во моќта на големиот Никита чудотворец и великомаченик, тогаш тргнете накај падините на Скопска Црна Гора, каде меѓу старите селски камени куќи и недопрената природа стои манастирот Свети Никита, каде чудата се случуваат, болни оздравуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.