Чудотворната моќ на каменот во манастирот Св. Меркуриј во битолско Барешани: “Подарил” ќерки и синови на многу парови, дечиња прозборувале… (ВИДЕО)

Анастасија е родена во Скопје и на своја 3-годишна возраст таа со нејзините родители се преселиле и живеат во Хабург, Германија.

Девојчето е вистински промотор на Македонија и досега има повеќе видеа на својот јутјуб канал Mit Anastasija, a последното е посветено на манастирот Св. Меркуриј во битолското село Барешани.

Соговорник на Анастасија е дедо Драги, кој ќе ви раскаже за сонот како е изграденo oва свето место и зошто баш тука.

Приказната е насловена како “Силата на каменот”, a e поврзана со чудотворната моќ на камен каде е изграден и самиот манастир.

-Овој Камен и ова место има големо значење и било од голема помош. Самото место било лекувалиште за психичко-болни луѓе. Исто така овој камен има моќ за уште неколку видови лекувања:брачни парови што немаат дечиња, дечиња што слушаат, а не зборуваат до 5 години, дечиња што се мократ во гаќи, брачни парови што имаат мака со мажење-женење. Сличен сон имал и самиот дедо Драги. Сон за едно семејство од друга вера кое повеќе од дваесет години немало деца и со СИЛАТА НА КАМЕНОТ се родил нивниот син Мохамед, напиша Анастасија во описот под видеото.

Погледнете ја целата репортажа во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.