Еден Јутјубер смета дека нешто чудно се случува на Антарктикот и наводно има докази за тоа.
Самопрогласениот „Чувар на Земјата“ тврди дека додека разгледувал со помош на Google Earth, забележал чуден отвор над една пештера на Антарктикот и „метален штит“ над неа, сето тоа во зоната на забранети летови на ледениот континент.
Како што вели, областа е широка околу 45 метри, а тој, наводно, ја пресметал користејќи ја алатката Google Earth. Темниот отвор изгледа како вентилација што оди под земја, наведува овој корисник, додавајќи дека снегот околу „отворот“ е потемен од снегот во околината.