Чувајте се, веќе никој не е cигypeн: Paзбojник нападнал жена во згpaда, камерите помогнале брзо да биде фатен (ФОТО)

Скопјанка сподели фотографии од нападот кој непознат маж го извршил врз нејзината мајка пред влез на зграда, а снимен од безбедносните камери. Жената имала повреди на окото, вратот и раката, јавно сведочи Анета Малова.

„Видеото нема да го објавам затоа што ми се превртува желудник секојпат кога и да го изгледам. Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката. Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и нема место за паника. За среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но за жал, од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите. Но, сепак внимавајте овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево. Жени, мајки, девојки, девојчиња и сите останати, внимавајте, Скопје одамна не е безбедно место за живеење! И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив. Чувајте се. Мајка ми е добро, но стравот е поголем. Комшии, кога ќе слушнете повик за помош, не игнорирајте“, пишува во јавната објава на скопјанката.

Од МВР посочуваат дека за разбојништво извршено врз жена на дрзок начин е уапсен 39-годишен скопјанец. Во однос на кражбите, се обидуваат да ги расчистат и да ги фатат сторителите.

„Согласно статистичките податоци, периодот од 01.01.2023 до 14.02.2023 година на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби во куќи и 4 (четири) тешки кражби во станови за кои се преземаат мерки и активности за нивно расчистување. Во однос на делот од прашањето за наводни напади на 11 жени на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби на дрзок начин и 1 (едно) кривично дело Обид за разбојништво. Кривичните дела се расчистени и против лицето Д.М. (39) од Скопје е поднесена кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство“, посочуваат од МВР.

Ова не е првпат преку апели, скопјани да се штитат од разбојници и крадци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.