На 05 и 06. ноември во “Гранд клуб” во Скопје, се одржа седмиот мастерс турнир, а воедно и последен за оваа натпреварувачка сезона во А и Б дивизијата во американски билјард – дисциплина десетка.
Во Б дивизијата учествуваа 35 играчи, а од Прилеп свои настапи имаа Владимир Ѓорѓиески, Никола Димески, Стеган Гермов, Теофан Илиоски и Горан Велкоски.
Најуспешен помеѓу прилепчаните беше Владимир Ѓорѓиески кој го освои третото место.
Владимир е наш дописник за настапите на прилепскиот билјард клуб и ни беше посебно драго кога не’ извести дека Прилеп има ваков клуб, а неговите членови се успешни како на домашен, така и на меѓународен план.
Ѓорѓиески е лице со хендикеп и е вистинска инспирација за сите луѓе. Со неговата упорност покажува дека не постојат пречки кои кога се сака не можат да бидат совладани.
Му честитаме за овој успех и му посакуваме уште поголеми во иднина.