Човекот кој остана буден 11 дена ги сподели страшните ефекти врз менталното здравје

Недостатокот од сон може да предизвика секакви здравствени проблеми – од ослабен имунолошки систем и промени во расположението, до зголемување на телесната тежина и висок крвен притисок.

Но, ако можете да издржите доволно долго без затворање очи, би можеле да се најдете во нова ментална состојба која би предизвикала сериозни нарушувања на здравјето. Тоа го вели Тони Рајт кој останал 11 дена без сон, додека се обидувал да го собори светскиот рекорд.

Иако Тони не успеа да го надмине рекордот, тој остана буден неверојатни 266 часа. После овој маратон Тони вели дека се чувствува чудно – како да успеал да допре до нов дел од неговиот мозок.

Набргу по интензивното искуство, Тони во интервју зборуваше за тоа како неговата ментална состојба целосно се променила додека тој останал буден. „Во суштина вие го изгладнувате рационалниот ум, егоистичниот ум, од сон, а неговите батерии се трошат“, вели тој.

„Се разбира дека не се чувствував многу добро… но ако продолжите подалеку од тоа, способноста на рационалниот ум да остане на чело исто така почнува да се распаѓа – тоа е моментот каде што можете да почнувате да допирате на другата страна на мозокот, другото јас“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.