Членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ открива: Имам симптоми на коронавирус, чекам резултати (ФОТО)

Познатиот српски рокер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид се огласи преку социјалната мрежа на Инстаграм каде што напишал дека веќе трети ден се наоѓа во болница.

Како што самиот наведува, станува збор за воспаление на белите дробови.

А, воедно како што додава, чекал и резултати од тестирањето за коронавирус.

-Трет ден сум во болница. Прво на инфективна. Денеска сум префрлен на пулмологија во оделот на КЦ! Воспаление на белите дробови. Чекам резултати од тестот за коронавирус! Баш сум безвр… силен сум, но… ќе се јавам штом ги добијам резултатите! Чувајте се луѓе! Здравје боже, напиша Ѓорѓе Давид на Инстаграм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.