Чкембари со моќна порака на вчерашното дерби (ФОТО)

Вардар го совлада Пелистер со 4-1 во првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Црвено-црните го имаа главниот збор на теренот, но навивачката група на Пелистер – популарните “Чкембари” ги освоија трибините, но и целата јавност со моќен транспарент:

“Македонски маченици што денес се во рајот, Карпалак 08.08.2001”, напишаа на транспарент битолчани, потсетувајќи на грозниот чин од конфликтот во 2001 година, кога терористи на УЧК на кукавични начин од заседа, убија десет бранители од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.