Чкатроски, министрите и градоначалникот одржаа кризен штаб

Денес во посета на Општина Прилеп беа министерката за обрана Радмила Шеќеринска, шефот на Централниот кризен штаб Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тие остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб и разговараа за состојбата во општината во врска со коронавирусот и дополнителните мерки што треба да се преземат за заштита на здравјето на граѓаните.

Од денес и припадници на Армијата беа вклучени за поефикасно спроведување на предложените мерки за справување со епидемијата. Градоначалникот потенцираше дека присуството на Армијата граѓаните не го доживуваат како страв, туку како сигурност. Според него налепниците со натпис “стој овде” и распореденоста на војниците пред банките и маркетите го донеле саканиот резултат.

-Општината го прави своето, Армијата дава поддршка, секој од нас одлучува дали овие препораки ќе спасуваат животи, или нема да се почитуваат, изјави Шеќеринска.

Денеска во Прилеп е забележан вториот смртен случај, на Клиниката за инфектологија во Скопје почина маж на 68 годишна возраст. Регистрирани се 3 нови случаи на инфицирани, а на Инфективното одделение во прилепската болница хоспитализирани се 9 лица со коронавирус, како и 5 лица сомнителни на КОВИД-19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.