Сконцентрираноста кон надворешната политика, го одвлече вниманието од економијата. Поради ова, ниту еден од германските инвеститори во земјава не рекол добро за работата на Владата, а дури 46 отсто истакнале дека е лоша, покажува последната анкета за деловната клима спроведена меѓу членовите на Македонско-германското стопанство – oбјави “Република”.
Компаниите бараат правна сигурност, безбедност и предвидливост за да ги планираат и реализираат инвестициите, очекуваат поголема вклученост во донесувањето на законските измени, како и натамошна, уште поинтензивна борба со корупцијата и криминалот. Сметаат и дека се избрзало со даночните реформи.
Сепак, најавуваат нови инвестиции и проширување на постојните.
Според анкетата што ја презентираше денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, 76 отсто повторно би инвестирале тука, а 61 процент од компаниите сакаат во земјава да се воведе еврото.
Во однос на економската ситуација, 56 проценти од инвеститорите за 2018-та дале лоша оценка, а за годинава се оптимисти, иако 54 проценти не се надеваат на поголеми промени.
Владата моментно е сконцентрирана на надворешната политика, а фокусот од економијата малку се губи. Добра волја за борба против корупцијата постои, но во секојдневието има потешкотии за независно судство кое ќе ги спроведува законите. Довербата во судството е нестабилна и со „рекла – казала“ од типот: дали овој адвокат е на моја или на нечија друга страна, може да се наруши, предочи Мартенс.
Целиот текст прочитајте го ТУКА