Најголемата грешка што можеме да ја направиме кога станува збор за нашите лични податоци е ако се однесуваме во стилот „тоа нема баш мене да ми се случи“.
Иако кражбата на идентитетот нхема да значи крај на с ветот, но ако тоа ви се случи м ожеби би посакале да б иде крај на светот. Навистина не е пријатно кога б и почнале да ви пристигнуваат сметки за нешто што никогаш не сте го купиле. За да не ви се случи тоа еве на кои податоци треба да внимавате.
-
ЕМБГ
Постојат добри причини зошто овој број е таен и никако не би смееле да го испратите по меил или СМС пораки.
-
Податоци од кредитната картичка
Немојте да ги испраќате ниту по меил и немојте да го откривате ниту на страниците за кои не сте апсолутно сигурни дека се заштитени.
-
Фотокопија од возачка дозвола или лична карта
Оној што поседува вакви копии може да ви направи голема штета.
-
ПИН кодови и лозинки
Иако на голем број луѓе ова им звучи само по себе разбирливо, постојат многумина кои се однесуваат мошне опуштено со сопствените лични податоци. Кога ќе се случи да с танат жртва на кражба на податоци, обично премногу е доцна.
Затоа секогаш треба да го сведете на минимум откривањето на сопствените податоци, да ги прегледувате сите сметки што пристигнуваат и ако се открие проблем веднаш да дејствувате за да се контролира штетата.