Општина Кривогаштани потпиша договор со изведувачот на четирите улици во општината кои ќе започнат да се реализираат веднаш штом дозволат временските услови. Се работи за една улица во Славеј и 3 во Кривогаштани меѓуи кои улица Никола Карев , Крак од улица Македноски Просветители од центарот на населеното место до градинката во Кривогаштани и уште еден крак на Улица Македонски просветители , кои улици вклучуваат коловоз и тротоари. На почетокот на идната година започнуваат да се реализираат уште 3 улици во Обршани, Кривогаштани и од Бела Црква до Воѓани. Со овие проекти општината значително ја подобри патната инфраструктура каде најголем дел зазема патниот правец Кривогаштани – Воѓани кој се очекува да се започне со реализација за краток временски период.