Четири нови земjoтpecи- уште една непреспиена ноќ во Хрватска

Во текот на претходната ноќ, поширокото подрачје на Петриња беше погодено од најмалку четири нови земјотpecи, а најсилниот од нив беше 3,8 степени, пишува Индекс.

Земjoтpec со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала се случил во 4 часот и 36 минути, во 5:30 часот имал земјотpec со јачина од 3,1 степен, а со иста јачина бил и оној што се случил во 6 часот и 25 минути.

Овие земјотpecи се нешто послаби од земјотресот што ја потресе Хрватска вчера утро, со јачина од 4,8 степени.

Сеизмолозите предупредуваат дека слична ситуација се очекува во наредните денови, па дури и недели.

Вчера попладне беше објавено дека се почувствувани 66 земјотpecи во последните 58 часа во централниот дел на Хрватска.

Дел од жителите од подрачјето погодено од земјотpecoт ја поминаа втората ноќ во автомобили.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.