Четири години ветувања за 250 метри асфалт кој се уште го нема: Жителите од оваа прилепска улица бараат градоначалникот конечно да си достои на зборот (Видео)

Улицата “Савска” во Прилеп како улица во Авганистан…

Во 21 век кога секојдневно се зборува за добивање датум за преговори со Европската Унија, кога секојдневно се зборува дека сме НАТО членка, дека платите растат, дека Македонија одела напред и дека се’ е розово, жителите на улицата “Савска” во населбата “Бончејца” во Прилеп секојдневно газат кал.

Секој снег и дожд за нив е како xopop филм. Им требаат крилја да летнат и да си влезат во своите домови.

До нашата редакција испратија видео на кое се гледа во каква состојба е оваа улица со должина од 250-300 метри, и за која 4 години добивале ветувања од актуелниот градоначалник Илија Јованоски, дека ќе се тури асфалт и ќе се реши нивниот проблем.

Велат дека претходната локална самоуправа предводена од Марјан Ристески, поставила канализација и комплетен довод, а актуелниот градоначалник секоја пролет и есен 4 години им ветувал асфалт.

Апелираат надлежните да не бројат колку куќи има на една улица и тоа да е пресудно дали истата да се направи, или не, туку да се фатат со работа и да им го олеснат секојдневието, затоа што и тие плаќаат даноци како секој друг жител на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.