Четирите златни медали кои ги освоија прилепските спортисти од Сеишин, овозможија во исто толку наврати да се слуша македонската химна среде Грција (Фото)

На 22 и 23.10.2022 во Кожани, Грција, во организација на Европската Кураш Конфедерација, се одржа Европско првенство во Кураш (боречка вештина сродна на џудото) за кадети-ки, јуниори-ки и сениори-ки. На ова натпреварување настапија околу 280 натпреварувачи од 16 европски држави.

Македонската Кураш репрезентација настапи со вкупно 20 натпреварувачи во трите возрасни категории, при што се освоени 15 медали (4 златни, 4 сребрени и 7 бронзени).

Половина од репрезентативците се членови на Џудо клубот Сеишин Прилеп, од кои 8 се медалисти.

Резултати поединечно:

Кадетки: Теа Настоска кат. -44 кг. 3 то место ( Сеишин), Елеонора Илиоска кат. 48 кг. 3 то место( Сеишин), Амина Факиќ кат. -63 кг. 2 ро место

Кадети: Јован Стојановски кат. -55 кг. 2 ро место (Сеишин), Михаил Димоски кат. -66 кг. 3 то место(Сеишин), Ахмет Факиќ кат. -73 кг. 3 то место

Јуниори: Омар Факиќ кат. -100 кг. 2 ро место

Јуниорки: Магдалена Најдоска кат. -52 кг. 1 во место(Сеишин), Кристина Мантароска кат. -63 кг. 1 во место (Сеишин), Мартина Јанкоска кат. -78 кг. 1 во место. (Сеишин)

Сениори: Алберт Реџиќ кат. -90 кг. 3 то место, Бајро Машовиќ кат. +100 кг. 3 то место

Сениорки: Теодора Димеска кат. -48 кг. 1 во место (Сеишин), Маја Бобан Реџиќ кат.-87 кг 2 ро место.

Одлични борби прикажаа и Теона Настоска -44 кг ( Сеишин) кај кадетките, Мусај Бислими -50кг, Михаил Стојановски-60 кг.( Сеишин) и Петар Петров -60 кг. кај кадетите, како и Ернес Реџиќ -100 кг. кај сениорите, но не изборија место на пидесталот.

Нашата репрезентацијата настапи и во екипна конкуренција микс тимови ( мажи+жени) каде е освоено 3 то место. Во оваа конкуренција 1 место беше Грција, додека второто место и припадна на Турција.

Составот на Македонската кураш pепрезентација го предводеше тренерот и селектор Дејан Мицкоски, официјален претставник беше претседателот Ердал Факиќ, а официјален судија на натпреварувањето за кадети и јуниори беше Маја Бобан Реџиќ, додека во сениорска конкуренција и самата имаше настап за нашата репрезентација.

Со ова Македонија испишува нова историја во меѓународните настапи во боречките спортови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.