Четврт век успешна бизнис приказна: Цели 25 години Теракота Инженеринг е бренд од Прилеп со врвен квалитет

Со успешно работење и позитивно конкурирање на македоскиот пазар Теракота Инженеринг, која почна да работи во 1995 година со неколку вработени, денес прерасна во голема компанија со повеќе од 80 работници од повеќе профили, и високо образован менаџерски тим кој се грижи за градбата, призводството и пласманот на производите.

Четврт век основачите Гордан Бошкоски и Коста Тошески успеваат да им оддолеат на предизвиците и успешно да чекорат во бизнисот.

Основна дејност на компанијата е производство на блокови, ферт гредички, бетонски столбчиња, бекатон плочки, готов бетон. Успешни се и во сферата на недвижности – инвестира, проектира, изведува и вселува по принцип имотен лист на рака на нови стамбено деловни објекти кои ги нудат сите придобивки на модерното живеење, со функционалност, квалитет и сигурност.

Становите се проектирани со висок станбен комфор и максимална искористеност на просторот. Успешни се и во изведба на индустриски објекти. На коминтентите им излегуваат во пресрет со бесплатни совети и консултации од стручни лица.

– Долгогодишното искуство и технолошкиот развој овозможува градење на стабилни врски и взаемна доверба со купувачите. Покрај сопственото производство, купувачите ги снабдуваме со сите видови на градежни материјали. Нашите соработници стануваат трајни пријатели на кои се грижиме да им заштедиме труд, пари и време – велат деловни партнери Гордан Бошкоски и Коста Тошески.

Компанијата располага со машински и возен парк за реализација на производите и услугите што ги нудат на пазарот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.