Четврток е неработен ден – ни следуваат уште 4 споени викенди

Четврток, 13 мај, односно празникот Рамазан Бајрам е следниот неработен ден за сите граѓани во Македонија.

До крајот на годинава остануваат уште 4 продолжени викенди во кои ќе уживаме. Еден од нив имаме и во месец мај. Празникот Свети Кирил и Методиј оваа година паѓа во понеделник и со тоа се добива споен викенд.

Споени викенди ќе имаме и во јуни, август и октомври.

Ова се останатите неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ – 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (понеделник), Ден на Републиката, 8 септември (среда), Ден на независноста, 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед – 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед- 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед- 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.