Соопштение од црковниот храм Св. Петка:
Возљубени браќа и сестри во Христа, драги родители, баби и дедовци, наши прилепчани, со духовна радост ве известуваме дека и оваа година, покрај полноќната воскресенска богослужба, во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп ќе се отслужи Божествена Литургија и на првиот ден на Воскресението Христово – Велигден, на 12 април (недела), со почеток во 9:00 часот.
Оваа Литургија се богослужи по четврти пат во нашиот храм, како плод на големата посетеност и силната духовна радост од изминатите години, кога бројни верници, особено деца, се причестија и ја доживеаја радоста на Воскресението.
Литургијата е наменета за сите, особено за оние кои не можат да присуствуваат на полноќната служба, како и за најмладите. Ги повикуваме родителите да ги доведат своите деца та и тие, да се причестат со телото и крвта Христови, и да ја доживеат воскресенската радост.
За сите деца ќе бидат подготвени велигденски подароци. Поради најавените временски неприлики, Литургијата оваа година ќе се служи во храмот, а не на платото пред него.
Христос Воскресе! Навистина Воскресе!
Со љубов ве очекуваме заедно да ја прославиме Пасхата Христова.
Со благослов,
Протоереј Љупче Петрески, в.д. старешина
со свештенството, управата и вработените при храмот „Св. Петка“ – Прилеп
























