Гимнастичкиот клуб “КГС Партизан Соколи” од Прилеп, нескромно и’ покажува на Македонија дека во нашиот град Прилеп има вредни дечиња кои сакаат да се занимаваат со спорт, па и конкретно со гимнастиката.
Гимнастичкиот клуб го водат дипломираните професори по физичко образование, спорт и здравје, Мартина Јездиќ, Ивана Јанкоска, Александра Стојаноска и нашиот првак и виртуоз во машка спортска гимнастика Дино Бошњак, сите ученици на покојниот Златко Ангелески- Лајцата, кој несебично ги прими, научи, задржа и им ја влеа љубовта и убавините на спортската гимнастика.
Овој клуб брои многу членови (повеќе од 40) и на посебна радост на тренерите дваесетина од нив се редовни натпреварувачи на Државните натпревари во А и Б лига.
Во изминатиов период се одржаа и завршните државни натпревари, каде што на 26.10.2019 со медали се закитија:
Ева Јашмакоска – 2-ро место – постари пионерки
Сара Петрова – 1-во место – јуниорки
Стефани Спиркоска – 1-во место – сениорки
Теа Велкоска – 2-ро место – сениорки
Ева Илиоска – 3-то место – сениорки
Ивана Јанкоска – 2-ро место – сениорки
Екипно – помлади пионерки – 3-то место (Сара, Илина, Хана, Стефанија, Михаела, Барбара)
Екипно – постари пионерки – 2-ро место (Ева, Леона, Марија, Стефанија, Ана Марија)
Екипно – сениорки – 1-во место (Теа, Стефани, Ева)
А една седмица после нив во машка конкуренција со медали се закитија:
Александар Наумоски – 1-во место – сениори
Бојан Ристески – 2-ро место – помлади пионери
Матеј Тасески – 3-то место – постари пионери
Дамјан Атанасоски – 2-ро место – млади јуниори
За крај, за потенцирање е информацијата дека на Државното првенство во повеќебој во Охрид “КГС Партизан Соколи” беше прогласен за најдобар клуб во женска спортска гимнастика.
Со тоа успешно заврши и оваа спортска година за прилепскиот гимнастички клуб, а од клубот се надеваат дека признанието за најдобар гимнастичар/ка на годината во одредена категорија на ниво на држава, да припадне на некој член од нивниот клуб.
Им честитаме и им посакуваме уште повеќе успеси наредната година!