Четата на Велески како КУД…оди на гостување да се забавува

Екипата на Голден Арт на свој терен беше убедливa против Прилеп со 28:18 во натпревар од 13. коло од Супер лигата.

Фото/ФБ/RK Golden Art

Поголемиот дел од првото полувреме беше израмнетo, но домаќините беа поконкретни на теренот, a победничкиот поход Голден Арт го направи во вториот дел кога имаше серија од 7:0.

Кај прилепчани како и во поголемиот дел од останатите натпревари, се истакна Владан Кастратовиќ со 5 постигнати гола, а зад него беше Пеце Рајатовски со 4.

Ова беше деветти пораз за прилепчани сезонава, кои на контото имаат само три победи и еден нерешен резултат. Со овие резултати РК Прилеп заслужено се наоѓа само на шестото место на табелата, а зад нив се само Мулти Есенс и Вардар Неготино.

Во последното коло од есенскиот дел на сезоната РК Прилеп го пречекува Еурофарм Пелистер, а напролет ќе води битка за опстанок во суперлигашкото друштво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.