Реплика на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова, до нејзиниот колега од Тиквешијата, Панчо Минов, на денешната 111-та седница на Собранието.
“И јас се оградувам од вас и од вашите застапувања на лозарите кои што очигледно беа чисто декларативни, затоа што од вашето декларативно залагање за лозарите видовме што добија и колку добија. Добро знаете дека тој денар или два, што вие им го ветувате, а не и Владата, што ќе значи на повеќе од преполовена реколта за лозарите”.