Честојнова: “Колеги не Ве боли ли срцето што се самоукинуваме како Македонци?” (ВИДЕО)

За истиот Устав за кој премиерот се колнеше дека нема да се менува, за сега да бара промена на Уставот со цел промена на уставното име. Година ипол додека сте на власт наместо да работите за подобрување на животот на младите, пензионерите, социјалците, земјоделците, како што им ветувавте, единствено за што вистински се залагавте е промената на нашето вековно име, посочи на собраниската седница, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова.

-Од денешна дистанца гледаме колку бил во право Блаже Коневски кога уште пред половина век кажал „Големо ни е името, ќе сакаат да ни го земат“. За жал тоа време дојде. Оваа Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев го стави на продажба како да е нивна лична своина. Уште од почетокот водевте тајни преговори без консултирање на опозицијата, без стручната јавност во Македонија, без консултации со претседателот на државата кој според Уставот на Р.Македонија, е единствениот што може да потпишува меѓународни договори од ваков карактер. На 30 септември граѓаните се изјаснија, со неизлегувањето на референдумот јасно ставија до знаење дека се против промената на уставното име, истакна Честојнова.

Таа додаде и дека Државната изборна комисија, референдумот го прогласила за неуспешен, а одлуката беше објавена во Службен весник.

-Оваа спогодба и политички и правно е мртва. Со тоа овој процес требаше да биде запрен. Следствено на ова одлуката за отворање на Уставот е незаконски и нелегитимна. Вас и тоа не ве спречува да продолжите понатаму, газите по достоинството на македонскиот народ, уништувате се што е македонско и крајно иронично велите дека тоа е за доброто на сите, за влез во ЕУ и НАТО. Нашиот став е добро познат, ние сме з авлез во ЕУ и НАТО, граѓаните се за влез во ЕУ и НАТО, но никако не по секоја цена. Не можеме да влеземе во ЕУ и НАТО обезличени, обезимени и со свиткана кичма, како што сака да не внесе Зоран Заев. Сакаме да влеземе со крената глава, достоинството, како што не признаа 140 змеји во светот. Дали после ова премиерот ќе им се јави на сите кои не признале под уставното име и ќе им рече дека згрешиле што не признале како Република Македонија и дека отсега сме нова држава со ново име?, праша Честојнова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.