Почитувани Прилепчанки, почитувани Македонки
Жената денес во светот, Македонија и во Прилеп претставува значаен сегмент во општественото, политичкото и економското живеење и претставува значаен столб на семејството.
Можам да кажам дека жената денес претставува успешен менаџер, директор, раководител, успешен доктор, професор, успешен административец.
Жената денес е и успешен политичар, министер, парламентарец, советник, успешен работник, професионалец, но да не заборавиме дека денес жената е и успешна мајка, баба и домаќинка
Слободно можам да кажам дека успешноста на општина Прилеп се должи на успешното работење и менаџирање на големиот број на жени кои се вклучени во работата на локалната самоуправа. Резултатите и успесите се многубројни за Прилеп пред се поради максималното ангажирање на жените во градот
Не само што реализираат голем и успешен број на проекти, туку жените и нивните организации ја негуваат традицијата, културата, посветеноста… и не потсетуваат дека современото живеење неможе да се замисли без понежната половина.
Нека е честит 8-ми март Денот на жената со искрени желби за што поголема вклученост на жените во нашето секојдневие.