Ченто до Колишевски: Милост не сакам! Не ми треба помилување! Ќе одлежам до ден колку што ме осудивте!

…Се сеќавам еден ден дојде Лазар Колишевски, во Идризово, во 1953 г., заедно со Глигор Зафировски, управник на затворот. Дојде кај Ченто и му зборуваше нешто за помилување. Овие зброви ќе ги паметам додека сум жив.

На зборовите за помилување, Ченто свика: „Кога не бев за осудување, ме осудивте на 10 години. Што барате сега? Милост не сакам!

Сте ме осудиле на 10 години – 10 години ќе одлежам! Не ми треба помилување! Ќе одлежам до ден колку што ме осудивте!“ така му рече на еден Лазар Колишевски, претседател на Народна Република Македонија, стамено и гласно, како маж!

Тоа секој не може да го каже. Тоа беше голема храброст. Во тоа време немаше правда. За ништо ќе ти го удреа пендрекот.

Колишевски молчеше. Ја спушти главата и молчеше. Кога си замина очите ми се наполнија со солзи, но од друга страна, ми дојде некаква храброст.

Само му реков „А бре, чичко Ченто, да се сите како тебе, оваа земја поинаква ќе биде“ .

Видов дека и нему му се насолзеа оите. Ме пргрна, ме погали и ништо не рече.„ – по кажување на Мехмед Али Осман пријател на Ченто од затворот Идризово.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.