Челси понуди 58 милиони евра за Кулибали

kalidoukoulibaly-cropped_pmmmo5wc1x521ctuujr22zqi1

Целиот транфер период, сенегалскиот репрезентативец беше поврзуван со трансфер во англискиот гигант Челси.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, потврди дека клубот добил понуда од 58 милиони евра за Кулибали во последните денови од трансфер периодот.

Наполи одби да го продаде сенегалецот кој го продолжи договорот до 2021 година.

” Во последните денови од трансфер периодот добив понуда од 58 милиони. Конте ќе рече дека тоа не е вистина, но тој понуди 30, потоа 40 и на крај 58 милиони евра”, изјави Де Лаурентис.

” За ова повторно ќе зборуваме другата година”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.