Челси ја прекина соработката со тренерот Френк Лампард. На сопственикот и управата им било тешко да донесат ваква одлука.
“Благодарни му сме на Френк за се’ што направи како тренер, меѓутоа, резултатите и играта на тимот не беа во склад со очекувањата на клубот, кој се наоѓа на средината на табелата, без изглед дека нешто ќе се подобри.
Никогаш не е добро време да се разделите со легенда како што е Френк, но после долго размислување одлучивме дека е потребна промена, со цел до крајот на сезоната да се подобри играта и резултатите”, напишаа од клубот.
Сопственикот на клубот, Роман Абрамович, исто така се огласи по промената на Лампард:
“Ова е навистина тешка одлука. Имам одлични односи со Френк и неизмерно го почитувам. Тој е човек со големи особини и најмногу работна етика. Меѓутоа, во овие околности веруваме дека е најдобро да се промени менаџерот. Му заблагодарувам и му посакувам се’ најдобро. Тој е икона на овој голем клуб и неговиот статус овде останува недопрен. Секогаш ќе биде топло пречекан на “Стемфорд Бриџ”.
Лампард потроши 200 милиони евра на засилувања, а на половина од сезоната Челси заостанува 11 бода од врвот
Клубот се наоѓа на деветтата позиција во Премиер лигата, а просекот на Лампард во клубот е 1,67 бодови по натпревар.
Тоа го прави четврт најлош тренер на Челзи во досегашната историја на клубот.