Сопственикот на Челзи, богатиот Русин, Роман Абрамовиќ, се подготвува да го продаде клубот, пишуваат британските медиуми.
Тој наводно ангажирал њујоршка банка да ја процени вредноста, а според проценката клубот вредел 2,2 милијарди евра.
Богатиот Русиј веќе некое време е во средината на “дипломатска војна” која ја водат Русија и Англија, не му е обновена визата за престој во Обединетото Кралство, а се чини дека полека ја губи и трката со моќните клубови како што се Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Челзи последните години се бори за место меѓу најдобрите тимови во Премиер лигата. Иако Антонио Конте ја освои титулата пред две години, Челзи во две од последните три години не игра во Лигата на шампиони.
Aбрамовиќ после санкциите во месец мај, кои Велика Британија ги испорача за Русија, одлучи да го откаже проширувањето на Стемфорд Бриџ, вредно 550 милиони евра, а “Сандеј Тајмс” пренесува дека Челзи е ставен на пазарот за продажба.
Роман Абрамовиќ го купи Челзи во 2003 години од Кен Бејтс и од тогаш потроши огромни пари на засилувања. Во негова сопственост клубот освои 5 титули во Премиер лигата, 5 ФА купови, 3 Лига купови, една титула во Лигата на Европа и Лигата на шампиони.