Чекајќи го Велески, “Комуналец” се освежи со млад кадар за ВД директор?

Неофицијално до разрeшувањето на Сашo Велески од управниот одбор на “Телеком”, функцијата на ВД директор во ЈКП Комуналец Прилеп, ќе ја извршува Даре Цветаноски.

Со ова продолжуваат освежувањата на раководните позиции во општина Прилеп во овие последни 11 месеци од мандатот на СДСМ.

Велески требаше да биде трет директор на ЈКП Комуналец во мандатот на градоначалникот Илија Јованоски, а досегашен в.д. директор на ова претпријатие беше Ирена Станковска, која пак дојде на местото на Ѕвонко Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.