Само една чаша вода и сок од лимон можат да направат чудо за нашето здравје.
Половина цеден лимон во чаша со вода еднаш дневно има доволно витамин Ц за борба против настинка и грип. Нутриционистката Мишел Чевели истакнува дека лимонот ја подобрува спосбноста на телото да апсорбира железо, кое е здраво за имунолошкиот систем.
Таа додава и дека лимонот е одличен за борба против стареење на кожата.
Лимонот содржи пектин, благодарејќи на кој подолго време не чувствуваме глад.
Ова овошје е една од најважните алкални намирници, која ја балансира киселината во организмот. Без тој баланс ќе биде подложни на разни воспаленија.
Антисептичките својства ги уништуваат лошите бактерии во устата, а сокот од лимон делува како средство за дезинфекција.
Високото ниво на калиум во лимонот им помага на мозочните функции за контрола на крвниот притисок. Лимонот и водата заедно, исто така, ги намалуваат стресот депресијата.
Овој напиток делува и како средство за чистење на црниот дроб, односно детоксикација.