Во периодот од 6 до 8 јуни, во хотелот Hills Ilidža во Сараево, успешно се одржа 77. Годишен Конгрес на Европската боксерска унија (EBU) — настан што ја обедини европската професионална боксерска сцена.
Организатор на Конгресот беше Сојузот за поддршка на професионалниот бокс на БиХ, предводен од претседателот Заим Нумановиќ. Благодарение на извонредната организација и традиционалното балканско гостопримство, Конгресот беше реализиран на високо ниво.
На настанот учествуваа 102 делегати од 42 земји, меѓу кои и Македонија, претставена преку “Про Бокс Македонија” со двајца свои претставници, Весна Чатлеска и Дарко Чатлески.
Клучни теми и одлуки:
Безбедноста на боксерите
Усвоена е иницијатива за воведување на унифицирани медицински прегледи за сите професионални боксери во Европа, со цел да се зголеми здравствената заштита и да се уедначат стандардите.
Борба против пиратските асоцијации:
Конгресот ја отвори важната тема за растечката појава на пиратски асоцијации и нерегуларни промотери. Договорено е заедничко делување за нивно идентификување и информирање на боксерите со цел да се спречи нивното учество на небезбедни настани.
Развој и организација на натпревари:
Споделени се најдобри практики за организирање на спектакуларни боксерски настани, со почитување на високите стандарди на професионалност и фер судење.
Нови членки на EBU:
На Конгресот беа примени две нови полноправни членки Албанија и Литванија ,со едногласна поддршка од страна делегатите на EBU.
Додека Словенија доби статус на привремена членка на Европската боксерска унија.
Одлука за следниот Конгрес:
Со едногласна поддршка, делегатите одлучија 78. Конгрес на Европската боксерска унија да се одржи во Тирана, Албанија во 2026 година.
На Конгресот беа доделени и најпрестижните годишни награди на EBU:
Шампионат на годината:
Weiss vs Molina
Шампион нагодината:
Sam Noakes
Женски шампион на годината :
Tania Alvarez
Промотер на годината:
Queensberry Promotions
Македонски придонес:
Македонската делегација од Про Бокс Македонија активно учествуваше во сите дискусии.
„Наш приоритет е безбедноста на боксерите и високото ниво на професионализам во натпреварите. Целосно ги поддржуваме иницијативите за унифицирани медицински прегледи и борба против пиратските асоцијации. Чест ни е што сме дел од овој заеднички европски процес“, изјавија од македонската делегација.
Конгресот во Сараево ја покажа јасната решеност на европската боксерска заедница за создавање на побезбедна, попрофесионална и пофер боксерска сцена. Македонија, преку активното учество на Про Бокс Македонија, продолжува да дава свој придонес во оваа заедничка визија.