Часот на раѓање има големо влијание врз нас – од него многу зависи дали сте склони кон амбиција, работа или љубов…
Од 0 до 01 часот
Оние што се родени во овој термин се карактеризираат со импулсивност и агресивност (Овен) здружена со голема истрајност и издржливост (Сатурн). Околината ги смета за мошне упорни, тврдоглави и изразено горди личности на кои што често им недостуга такт, трпение, способност за дипломатија. Во поволните животни околности астролошката констелација може да овозможи неверојатни творечки достигнувања, спорсти успех или војничка кариера.
Од 01 до 02 часот
За вас моќта, угледот и статусот се најважните животни категории. Јасно сте ориентирани кон материјалните вредности, имотните апсекти и материјалното царство. Поради тоа може да трпат вашите најблиски. Вашиот животен успех во најголема мерка зависи од огромната енергија што ја поседувате, а потребно е правилно да ја насочувате кон вашите цели. Вашето искачување кон врвот често е потпомогнат од некои влијателни (Јупитер) или повозрасни (Сатурн) личности.
Од 02 до 03 часот
Имате сјајни можности истовремено да се посветувате на различните работи и паралелните цели. Мошне сте динамични и способни искрено да се одушевувате (Марс) или да уживате во различните животни радости. Понекогаш сте исклучиви и нетолерантни, потребно е да прифатите повеќе трпение во животот и подобро да се прилагодувате во социјалните односи.
Од 03 до 04 часот
Вие сте мошне чувствителна личност, лесно ве повредуваат вашите чувства и ја пореметуваат вашата психолошка рамнотежа. Конкретните докази за предаденост, верност и наклонетост (Венера) подеднакво ви се важни, како што ви се важни приврзаноста кон семејството и домот или кон домот (Рак). Имате потреба да изградите финансиска сигурност. Умеете вешто да калкулирате со парите, со имотните апсекти, недвижностите, финансиите. Важно ви е да се оставрите во семејството, но и во работите што се поврзани за уметност или за некоја социјална област.
Од 04 до 05 часот
Вашиот ментален склоп и начинот на размислување (Меркур) секогаш се насочени кон некоја конкретна и остварлива цел. Поседувате смисла за добра организација, знаете да изразите силна концентрација и сила на волјата. Речиси во секоја работа станувате авторитет (Лав). Премногу значење им придавате на општествените односи, а тогаш ви се случува да западнете во депресивни расположенија.
Од 05 до 06 часот
Најдобро се чувствувате кога имате прилика во постоечкиот хаос да воведете ред. Вас ви се најбитни деталите, па поради тоа честопати ви е тешко да направите разлика помеѓу битните и небитните работи. Многу често ризикувате да трошите пари на ствари кои не ви се воопшто потребни. Во работата сте педантни и совршено ги извршувате своите должности.
Од 06 до 07 часот
Шармантни сте и секогаш сте добро облечени. Вашиот дом е уреден со стил и е место каде што честопати се собирате со вашите пријатели. Многу сте љубезни со сите луѓе. Најголемата опасност за вас лежи во фактот дека, вашата емоционална стабилност зависи од другите луѓе, а не од вас самите.
Од 07 до 08 часот
Работите ги кажувате онакви какви што се и немате влакна на јазикот. Го кажувате само она што го мислите, но понекогаш знаете и да молчите како зашиени. За успехот кој го постигнувате на работното место, можете да ѝ се заблагодарите на вашата богата фантазија и подготвеноста да ги подредите сите работи кон една цел, која се стремите да ја постигнете. Нечии интриги и недовербата кон другите луѓе, можат да ве извадат од такт.
Од 08 до 09 часот
Играта, спортот и долгите прошетки на чист воздух се многу важни за вас. Секогаш сакате да ги преминувате границите, без разлика дали станува збор за друштвени, духовни или државни граници. Многу ве привлекуваат странци. За да оформите ново пријателство, потребно ви е истото да ви понуди нешто новокое досега не сте го доживеале. Родени сте авантуристи.
Од 09 до 10 часот
Вам постојано ви се потребни некакви поводи за да бидете активни. Благодарение на вашиот голем талент за организација и дисциплина, секогаш ги остварувате целите коишто ги имате зацртано. Добро се чувствувате кога им помагате на другите, пред сѐ на членовите на вашето семејство.
Од 10 до 11 часот
Вам сите луѓе ви се еднакви. Според вас не постојат класни разлики и му дозволувате на секој да го докаже својот личен став и развој. Имате силна интуиција која ви овозможува лесно да ги предвидите настаните, полни сте со разбирање кон другите луѓе и секогаш сте отворени за нови идеи. Со оглед на тоа што многу ги сакате луѓето, најчесто преферирате да бидете опкружени со искрени пријатели.
Од 11 до 12 часот
Особено сте успешни кога работата ја извршувате „зад сцената“. Така навистина можете да постигнете големи успеси. Сѐ додека можете да си обезбедите доволно мир за да си ги наполните батериите, ќе можете да остварувате извонреден успех во полето на уметноста и вам ништо нема да може да ви застане на патот.
Од 12 до 13 часот
Секоја работа што ќе ја започнете, ја завршувате до крај. Разумноста ви помага да не трошите премногу време на небитни работи. Материјалната сигурност во кругот на семејството, ви е најважна за да чувствувате душевен мир. Многу ретко сте самоиницијативни. Контакти воспоставувате ретко, само доколку вам луѓето ви се обратат.
Од 13 до 14 часот
Мислењето на другите честопати си го зимате при срце. Поради тоа понекогаш мислите дека сѐ што е речено или направено се однесува исклучиво на вас. Неретко за вистина го земате само она коешто вие го сметате за вистина. Можеби токму таа особина, честопати ве води до исклучително успеси на работно поле.
Од 14 до 15 часот
На својот животен партнер би му останале верни до крајот на вашиот живот. Но, доколку почувствувате дека во неговиот живот не заземате централно место, веднаш ќе побарате друг партнер. Уметноста и глумата играат голема улога во вашиот живот. За вашите деца, сте спремни да жртвувате баш сѐ.
Од 15 до 16 часот
Комплетен успех постигнувате во оние дејности, во кои можете да ги внесете сите ваши емоции. Вие сте срдечна личност, која блеска од самодоверба, но знаете и да бидете раздразливи доколку се почувствувате отфрлено. Длабоко воздивнете кога ќе бидете лути од некоја причина. Доколку научите како да се воздржите и опуштите, ќе избегнете чувство на агресивност и искажување тешки зборови и навреди.
Од 16 до 17 часот
Парите за вас имаат голема важност. Поради тоа мислите дека уште во првата половина од животот морате да стекнете некакво богатство. Во тоа добро се вклопува и вашата способност да се издигнете над секојдневните ситни проблеми и измами, како и можноста да ги согледате работите однапред.
Од 17 до 18 часот
Сѐ додека сте свесни за својот перфекционизам, луѓето ќе ве ценат и приватно и професионално. Вие сте многу практична личност и успешно се справувате со сите оние кои сакаат да им се спротивстават на вашите планови. Понекогаш вашата склоност за детали знае да ве занесе и да ве запре во достигнувањето на целта.
Од 18 до 19 часот
Вие сте човек кој само доколку е поврзан со други луѓе, може да си ги оствари своите животни цели. Во пријателствата обично ви треба малку повеќе трпение, за да можете да излезете на крај со самите себеси. Најголема опасност за вас лежи во тоа што партнерот од вас може да побара нешто коешто вие на подолг рок не можете да го исполните.
Од 19 до 20 часот
Вашата склоност за ризикување секогаш ве пробива во сите друштва. Поради вашите пренагласени сексуални побарувања, можете несвесно да западнете во опасност од губење на трајните вредности во вашата врска, како што се верноста, меѓусебната грижа и духовноста. Во основа, сѐ што работите треба да биде со мера.
Од 20 до 21 часот
Возбудата предизвикана од нешто ново или непознато, секогаш ве охрабрува за врвни достигнувања. Животен еликсир ви се далечните патувања и егзотичните земји. Верноста не се вбројува во вашите карактеристики, а благодарение на вашиот оптимизам, после голем пад знаете брзо да застанете на нозе.
Од 21 до 22 часот
Од страв да не ве повредат, останатите луѓе околу вас мислат дека сте бавни и затворени. Но кога ќе ве запознаат подобро, гледаат дека ширите многу топлина и позитивна енергија. Посветувате големо внимание на луѓето покажувајќи видливи докази на љубов и многу сте изненадени доколку работите не се онакви какви што ги замислувате.
Од 22 до 23 часот
Вие сте исклучително интелигентни и често размислувате сосема поинаку од останатите. Токму поради оваа причина, често знаете да се справите дури и со најтешките проблеми. Секогаш сте во предност пред другите, но не треба да бидете арогантни поради тоа. Скромноста е карактеристика која ве краси.
Од 23 до 24 часот
Вие зрачите со силна внатрешна светлина. Никогаш не сакате да ги комплицирате работите, а склони сте за претчувствување на работите. Ваше животно мото е „сѐ или ништо“, а во љубовта сте посесивни и љубоморни.