„Чалгија – во срцето на старата Прилепска чаршија“

1

Граѓаните на град Прилеп вчера вечер, имаа можност да уживаат во звуците на македонската чалгија која беше дел од културното лето на Општина Прилеп. Филип Шурбевски Езгија Трио е вокално инструментален состав кој ја негува македонската традиционална чалгиска музика. Формиран е во 2011 година.
Ова е специфичен состав не само поради инструментите кои се застапени,туку и поради музичкиот стил кој е различен од другите, а препознатлив сам по себе. Иако овој стил на изразување е во изумирање, овој музички состав е со цел да ја врати македонската чалгија што во извесен период беше заборавена, а е карактеристичен и препознатлив белег на македонската музика низ вековите која живеела на овие простори.
Во репертоарот има застапено македонски песни и ора во звукот на македонската чалгија.

2
Овој состав има настапувано на разни свечености, приеми, емисии, општински кутурни лета, на повеке манифестации. Покрај овие настапи би ја издвоиле концертната турнеја во Њујорк и Њу Џерси – САД каде што одржа неколку концерти во познати сали.

Членови на составот се:

Филип Шурбевски – тарабука
Ристе Апостолов- виолина
Митко Наумовски- Џумбус

Вчерашниот настап го имаа на плоштадот под Градскиот саат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.