Црвено-белите од Прилеп после подолго време се на добар пат да се вратат во најелитното фудбалско друштво кај нас.
Победа моментално е на втората позиција во Втората лига – Исток, и се наоѓа на -2 бода од првопласираната Слога од Виница.
Прилепчани викендов не успеаа да ја совладаат Беласица на градски во Прилеп, па ја загубија водечката позиција. Но, натпревари за играње има уште многу, па се’ зависи од фудбалерите и стручниот штаб.
Сепак, клубот како што дознаваат од “Спорт Медиа” се соочува со проблеми. Од порталот пишуваат дека фудбалерите и покрај исполнетите обврски на терен, финансиски не се испочитувани до крај од страна на клубот и одбиле да го одработат тренингот во текот на вчерашниот ден.
Се надеваме дека состојбата во клубот за брзо време ќе се среди и Победа ќе продолжи да нижи бодови и ќе се врати на водечката позиција, која води директно во Прва лига.