Во големата сала во ЦК „Марко Цепенков, октетот „Прилеп“ синоќа, одржa целовечерен концерт.
На традиционалниот годишен концерт, членовите на октетот „Прилеп“ исполниjа дел од композициите од својот богат репертоар.Тие пред љубителите на музиката се претставија со македонски староградски и народни песни, македонски забавни песни и со шлагери од поранешните ју простори, па на публиката и приредија вистинско деведесетминутно музичко уживање.
На концертот присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, коj го истакна големото значење на постоењето на октетот „Прилеп“ во промовирањето на градот и на македонската староградска народна песна. — Локалната самоуправа ги поддржува сите, вакви, културни настани и манифестации во Прилеп, а октетот „Прилеп“ секогаш со својата изведба ја збогатува годишната културна понуда на градот- истакна тој.
Октетот “Прилеп” веќе 22 години ја одржува традицијата за староградска песна во Прилеп, притоа учествувајќи на многу фестивали во Македонија и надвор од неа. Работејќи под закрилата на НУЦК „Марко Цепенков“ октетот досега има издадено три албуми со 40 композиции.