Професор Љубомир Цуцуловски на социјалната мрежа Фејсбук ја разобличи манипулацијата со референдумското прашање за промена на името. Според него, во прашањето кое ќе биде поставено на референдум, всушност се кријат 4 прашања.
ПРЕДЛОГ. Во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ, Зоран Заев изјави дека најверојатно реферндумското прашање ќе било:
„Дали сте за Европската унија и НАТО, и за поддршка на Договорот со Грција.“ Зад навидум едното референдумско прашање, се кријат најмалку четири прашања, кои според логиката и здравиот разум (патем, логиката и задравиот разум секогаш одат заедно) мора да се издвојат и за секое од нив одделно да се изјаснува. Зошто тврдам дека се кријат најмалку четири прашања? Затоа што:
(1) Некој може да биде за ЕУ, но да не биде за НАТО и Договорот.
(2) Некој може да биде за НАТО, но да не биде за ЕУ и Договорот.
(3) Некој може да биде и за ЕУ и за НАТО, но да не биде за Договорот.
(4) Некој може да биде за Договорот, но да не биде за ЕУ и НАТО, што е малку веројатно, но кое во ова лудило е можно. Ваквата опција значи да се остане со прстот во устата.
Затоа, следејќи го начинот на кој функционира Зоран Заев, предлагам референдумското прашање (ако дојде до него) да биде: „Дали сте за Европската унија и НАТО, и за поддршка Вашето семејство да биде растурено?“ Само така на граѓаните ќе им се „олесни“ изборот.
Ќе треба да бираат помеѓу тоа дали се за ЕУ и НАТО, или се евентуално и за своето семејство. Ако го одберат второто (семејство), ќе „покажат“ невиден егоизам, идентичен со патриотизам, што никогаш не му „прилегало“ на Македонецот.
Затоа, таквиот резултат од референдумот однапред треба да биде осуден и отфрлен од сите (без исклучок!), вклучувајќи ги и оние кои така гласале.