Црн чад се крена над градот, горат хаварисани возила со плински уреди – имало и масовна тепачка (ВИДЕО)

Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.

До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот – информираат од МВР.

Како што јавува пак репортерот на Press24, прво дошло до тепачка меѓу поголема група граѓани, а потоа интевернирала и полицијата при што приведено е најмалку едно лице.

Видеото погледнете го ТУКА

Црниот чад се гледа од целиот главен град. Пожарот беснее од изутрината.

На терен се противпожарните служби, а пред малку пристигна и хеликоптер кој досега гаснеше во Дојран каде според надлежните исто така има сложен пожар за гаснење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.