Полицијата во Подгорица поднела кривична пријава против Ј.Д. (34) од Подгорица, поради основан сомнеж дека на Фејсбук направила преку 200 профили на кои се наоѓале фотографии од нејзина сограѓанка М.Л. е соопштено од Управата на полицијата во Црна Гора.
Ј.Д. со име и презиме на оштетената М.Л. на профилите на оваа социјална мрежа, користејќи го нејзиниот мобилен телефон и интернет, воглавно пишувала навредливи коментари и епитети со кои сакала да и го наруши угледот.
-Против неа е поднесена кривична пријава поради сомнеж дека направила кривично дело “неовластено собирање и објавување на лични податоци”, соопштено е од Управата на полицијата.
Службеницте од делот за борба против организиран криминал и корупција, во соработка со тим од Министерството за информатичко општество и телекомуникација од Фејсбук ги отстраниле сите лажни профили.