ЦРНИ СТРШЛЕНИ се новите очи на Америка: Војската добива супер дронови кои застануваат на дланка (ВИДЕО)

Војската на САД ќе купува од компанијата “FLIR” нови лични, преносливи нанодронови, познати под името “црни стршлени”, а договорот е вреден 2,6 милиони долари.

Нанодроновите тежат само 32 грама, но имаат домет од два километри и максимална брзина од 21 километар на час.

“Црниот стршлен” е најмалиот систем и единствен нанодрон кој се покажал на воено поле, се наведува во соопштението на произведувачот.

Овие дронови се опремени со термална камера и имаат подобрување на карактеристиките за лет во затворен простор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.