Најубавиот парк во Прилеп, “Могилата на непобедените” целосно се уништува и запустува…
Веќе подолго време паркот се уништува, што од несовесни граѓани, што од негрижа на локалните власти.
Сликата е најлоша навечер, кога може да се забележи дека нема ниту една здрава светилка, па полека паркот наликува на времето пред 2006 година, кога беше собиралиште на наркозависници.
Ниту алејата на народните херои од НОБ не е осветлена, а се уништува и урбаната опрема, клупите, таблите, зеленилото…
Навистина жално и срамно!
Нека овие фотографии бидат апел до општинските власти да си ја поправат грешката и во најбрз можен рок да го вратат паркот во првобитната состојба.