Црна Гора побара маски, нараквици, респиратори и други заштитни и медицински средства од НАТО за справување со коирусот корона.
Според медиуми од Подгорица, барањето испратено до Евро-атлантскиот центар за координација за реагирање на катастрофи (EADRCC).
EADRCC е цивилен механизам за одговор при вонредни ситуации.
Во молбата објавена на веб-страницата на Алијансата и испратена до сите членки на НАТО и земјите партнери, Црна Гора бара помош за повеќе од 5,6 милиони хируршки маски, околу половина милион маски со филтри П2 и П3, околу 6,5 милиони ракавици, околу 250.000 очила и стакло, над 336.000 хируршки мантили и уште 100.000 водоотпорни престилки, милион хируршки капи…
Исто така, се бараат и 320 респиратори, 20 бронхоскопи, 40 ларингоскопи, 20 абсорбери, 50 ЕКГ, два дефибрилатори.
Црна Гора доби помош со EADRCC за гасење на пожарите во 2017 година.