Црната статистика продолжува: Денес повеќе починати од нови случаи на Koвид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на KOBИД-19 во Македонија.

Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41г,54г,58г,79г,81г,84г и 86г), по 3 лица од Тетово (69г,72г и 81г) и Гостивар (68г,68г и 77г), 2 лица од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).

Од пријавените, 9 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови. Пријавените 9 лица починати во домашни услови се од месец април.

Регистрирани се 71 оздравени пациенти од: Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на Koвид-19.

Вкупната бројка на KOVИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.