Црковниот одбор на село Пустец по барање на македонските верници од Пустец, одлучи да изгради камбанарија за црквата „Свети Архангел Михаил” во Пустец, област Мала Преспа.
– Сите го знаеме, го гледаме и го имаме посетено убавиот божји храм (црквата) посветен на „Св.Архангел Михаил” во Пустец. Овој храм е во центарот на Пустец и со неговата убавина го разубавува плоштадот „Гоце Делчев”. Храмот е во тек на доградување од внатре и градежните работи се во тек. Но, на овој наш свет храм му недостасува камбанарија. За жал, камбаната ја имаме, обесена е на едно железо, кое не е соодветно за тоа, вели намесникот на парохијата, отец Алексо Темелко.
Тој во име на црковниот одбор на село Пустец упати апел до сите верници, според нивните можности, да донираат за изградба на камбанаријата.
-По молба и барање на нашите верници од Пустец, да се изгради камбанарија за црквата „Св. Архангел Михаил” која навистина му е потребна, се потрудивме и со Божја помош успеавме да добиеме, убав проект на камбанарија која и одговара на црквата. Камбанаријата ќе биде висока 15 и широка 4 метри. Но, за нејзина изградба неопходна ни е помош и затоа упатуваме апел за донирање средства. Од напред искажуваме голема благодарост и се надеваме на Ваша поддршка. Господ секому да му помогне и „Свети Архангел Михаил” да ги заштити, апелира отец Темелко во име на Црковниот одбор.
Секој кој сака да донира, вели тој, тоа мо е да го направи на следните жиро сметки: за донации од Република Албанија на жиро сметката 410590037010117, додека за донации надвор од Република Албанија на жиро сметката AL89214411030410590037010117.