Црковниот одбор на манастирот во изградба Св. Петка кај прилепско Волкосело ве кани заеднички да го одбележиме утрешниот голем христијански празник

Соопштение од црковниот одбор на манастирот во изградба Св. Петка кај прилепско Волкосело

Утре, 28.08 Македонската православна црква го празнува празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица, заштитничка на бремените жени, децата и семејството.

Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.
Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Здружението на граѓани за изградба на манастирот св. Петка во с. Волкосело (Волково) во близина на Прилеп и Црковниот одбор на манастирот во изградба Св. Петка кај прилепско Волково, ги кани сите верници и добронамерници на празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, да дојдат и да го одбележат овој голем празник.

Манастирот е се уште во изградба, а членовите на Црковниот одбор прават се’ што е во нивна можност овој прекрасен храм да биде што поскоро завршен.

Светата литургија ќе започне во понеделник, 28.08.2023 година со почеток во 10:30 часот….
По литургијата ќе биде служен ручек од страна на домаќините и пригодна прослава во кругот на манастирот….

Со почит,
Здружение на граѓани за изградба на манастирот св. Петка во с. Волкосело и Црковен одбор на св. Петка




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.